Под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“, започна протестот против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ пред Владата на Македонија, кој го поддржаа повеќе политички партии и граѓански организации.
Сите присутни се против тоа Владата да го потпише францускиот предлог кој, како што истакнуваат, е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.
Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христија Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија.
Според Мицкоски, „предлогот е ултиматум и бугарски диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија“