Фото: МНР

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи одржува брифинг со новинарите во Министерството за надворешни работи. Овој пат, на брифингот дозволени се и камери.

Брифингот е закажан веднаш по неговото пристигнување од Софија, каде заедно со неговата бугарска колешка Теодора Генчовска денеска го потпишаа билатералниот протокол, еден од документите кои беа потребни да се постигнат пред почеток на преговорите со Европската Унија.
Османи го презентира потпишаниот протокол.