Денеска во Битола беа одбележаа 119 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
По тој повод, делегација од Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, придружуван од претставници на Советот на општината и други граѓани, положи свежо цвеќе пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола.

-Денес сме тука заедно со граѓаните на Битола, политичките партии, невладини организации, да чествуваме да дадеме почит и помен на великанот на македонската национална борба, на македонската национална идеја, столбот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев. Денес се одбележуваат 119 години од неговата смрт. Тука сме да го чествуваме поменот, но и да дадеме една поука до младите, до генерациите сегашни и идни, дека треба да ги почитуваме великаните, да си ги згрижиме традициите и да не дозволиме разнебитување на македонското национално ткиво и поделби по било која основа. Посебно за ликови кои се вака историски и кои се столбови на македонската национална борба, темели на македонското револуционерно движење – рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
М.М.