Фото: Архива

Талат Џафери ќе остане запаметен како деспотот од Форино како претседател на Собранието кој досега вршел најбрутални повреди на процедурите и законите. Тој всушност е она што во правото се препознава како затруено дрво, кое раѓа затруени плодови. Всушност тој беше донесен на тоа седиште и се добра до таа фотелја на незаконски начин преку кршење на процедури, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од тука се што тој подоцна произведе беше безаконие и поддршка на криминалното работење на оваа влада. Во таква една ситуација активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ е единствената можна акција за делегитимирање на беззаконието на Талат. Во однос на уставните измени за кои Џафери збори тоа не се обврски на државата кон ЕУ, туку обврски на кои криминалната клика на СДС ДУИ пристанаа за да си ги зачуваат фотелјите, а на целосна штета на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура преку целосно национално обезличување и прифаќање на бугарските мегаломански барања. Попрво криминалната влада ќе падне, од тоа да има било какви уставни измени – велат од партијата.

Џафери: ВМРО-ДПМНЕ може да блокира, но Собранието ќе си работи