Илустрација / Фото: Влада

Девојки на возраст од 17, 18 и 20 години киднапирале малолетно девојче, го држеле во стан и го нападнале со остар предмет, информираат од МВР.

„На 3 септември 2022 година околу 18 часот во Струмица од полициски службеници од СВР Струмица приведени се 17-годишна малолетничка, С.Р.(18) и С.П.(20) од струмичко (сите три женски лица) откако било пријавено дека на 2 септември 2022 околу 20 часот во стан во Струмица противправно држеле и физички, со употреба на остар предмет, нападнале малолетничка од Струмица“, се вели во полициското соопштение.

По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.