Фото: Принтскрин/Фејсбук-видео

Владата на една од изминатите седници донесе заклучок со кој ги презема трошоците за лекување на Леонид Индов, потврди денеска министерот за здравство Илир Демири.

– Даден е налог и тоа треба да е завршено како процедура и да е финализирано. Сепак, утре има седница на Влада, ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето за лекувањето на нашиот сограѓанин Леонид Индов – рече Демири во одговор на прашање на денешната прес-конференција.