Машкиот хор на Бигорскиот манастир заедно со членови од кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“ со византиско пеење го збогати денешниот свечен настан во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, каде заедничка литургија одржаа Архиепископот Стефан и Патријархот Порфириј.
Хорот на Бигорскиот манастир е основан по заложба и иницијатива на Епископот г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.
Раководени се од школувани и лиценцирани протопсалти, учители по источно-православно црковно (византиско) пеење.
Соборниот храм е преполн со верници, но и со претставници на државниот врв, како и со претставници на останатите верски заедници.