Фото: Приватна архива

За да може максимално да се искористи во организмот најдобро е витаминот Д3 да се земе со храна која е богата со масти

Автор: Викторија Димовска, фармацевт

Витамин Д претставува липосолубилен витамин односно витамин што се раствара во масти. Овие витамини се складираат во телото на човекот и се создаваат резерви за разлика од хидросолубилните витамини кои се растворливи во вода и вишокот се исфрла преку урината.

Постојат две форми од витамин Д:
Витамин Д3 (холекалциферол) и витамин Д2 (ергокалциферол)

Витамин Д3 е поефикасен во зголемување на концентрацијата во неговата активна форма во организмот, за разлика од витамин Д2.

Главни извори на Витаминот Д3 (холекалциферол) се сонцето, храната и суплементите. Витаминот Д3 е единствениот Д-витамин кој може телото да го произведува, благодарение на сончевата светлина неговата синтеза започнува во кожата. Тој претставува важен елемент за метаболизмот на калциум и фосфорот со тоа што овозможува нивна ресорпција и складирање во коските. Бидејќи се поголем број од луѓето го одбегнуваат сонцето, неговата примена е неопходна преку суплементите со цел да се добие потребната количина на витамин Д3.
Неговата улога во целиот организам е многу важна:
-Како имуномодулатор има големо влијание во штитењето од вирусните и бактериските заболувања
-Здрави коски кај постари лица бидејки како што спомнавме учествува во метаболзмот на калциум и фосфор и на тој начин превенира од остеопороза
-Важен елемент кај деца и новороденчика со тоа што заштитува од појава на алергии од храна, зголемен крвен притисок, ризик од појава на астма.

Фото: Пиксабеј

Недостатокот на Витамин Д3 е најмногу изразен во зимскиот период од годината, бидејќи во овие месеци телото не произвдевува Д витамин поради сончевите зраци кои се многу ретки и не се доволни. Меѓутоа и во останатите месеци луѓето не се доволно изложени на сонце поради нивното работно време или пак поради штетното влијание на сончевите зраци. Најголем ризик од недостатокот на витамин Д3 имаат лицата кои живеат во северните краишта, лица кои живеат во земји каде што има висока загаденост во воздухот и лица со потемен тен на кожата.

Недостатокот на витамин Д3 доведува до омекнување на коскеното ткиво при што се јавува слабост во мусклулите и намалена мускулна маса. Кај повозрасните лица недостаток на витамин Д доверува до појава на остепороза. Кај овие лица се јавува изнемоштеност, болки во коските и мускулите.

Неговата примена е особена важна за:
-Здрави коски – особено кај постари лица во превенција и третман на остеопороза
-Го подобрува имунолошкиот систем бидејки го намалува ризикот од вирусни заболувања
-Поздрава кожа
-Здрави заби
-Подобра концентрација и зголемена енергија

Се препорачува кај:
-Лица со недостаток на витамин Д
-Лица со ризик од инфективни заболувања
-Лица со остеопорза или остеопенија
-Жени во менопауза
-Лица со кардиоваскуларни заболувања и дијабет
-Лица со малигни заболувања

Препорачаната дневна доза е 400 – 800 меѓународни единици или 10 – 20 микрограми. Меѓутоа, доколку изложеноста на сонце е намалена или воопшто не се изложува на сонце тогаш препорачаната доза треба да е поголема од 1.000 – 4.000 единици ( 25- 100 микрограми).

За да може максимално да се искористи во организмот најдобро е витаминот Д3 да се земе со храна која е богата со масти (месо, јаткасти плодови и сл.)

Храна која е погодата со витамин Д3:
-Лосос
-Жолчка од јајце
-Туна
-Печурки
-Сардина

За жал, секојдневно не можеме да јадеме риба и единствен извор на витаминот Д3 се суплементите.