Фото/Илустрација: Пиксабеј

Утре попладне и во недела, времето ќе биде променливо облачно. На повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Како што соопшти УХМР и во Скопската котлина од утре попладне и во недела, повремено ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.