Фото: ЦУК

Откако им се превртел чамецот

Екипи на МВР, САЕ Тигар, ренџерската служба на НП „Маврово” и локални жители извлекоа две лица од Мавровско Езеро, на кои им се превртел чамецот. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) извлечените лица добиле итна медицинска помош.

Фото: ЦУК

Претходно, ЦУК соопштија дека полицискиот хеликоптер со тим од САЕ Тигар со чамец се упатиле кон двете лица кои се потпирале на нивниот превртен чамец.

Фото: ЦУК

Од ЦУК посочија дека двете лица од превртениот чамец успеале да го превртат и вратат чамецот во нормална позиција после што успеале да се вратат во чамецот и чекале да бидат извлечени од Тигрите.