Фото: МВР

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за  воздухопловни единици на МВР повторно дејствуваше врз пожар во село Караслари, општина Велес.

Како што информираат од МВР, хеликоптерот во 30 налети исфрли  45 тона вода и во координација со силите на терен дејствувал за гаснење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола. По добиено второ барање од ЦУК, хеликоптерот е упатен и дејствува врз пожар во неготинско.