Собрани се 14 тони кабаст отпад во акцијата која општина Центар ја организираше вчера, во соработка со ЈП Комунална хигиена и Град Скопје. Граѓаните го оставаа својот отпад на трите поставени пунктови во Дебар Маало, кај Универзална сама и Зелен пазар.

Во рамки на вчерашната акција се чистеа улици и се уредуваа јавните површини на целата територија на општина Центар. Во неа учествуваше општината, со 100 работници и целосната механизација, како и службите од Град Скопје и ЈП Комунална хигиена.

Општина Центар апелира до граѓаните правилно да го одложуваат отпадот.