Жителите на скопската населба Железара, попладневно ја затворија улицата Гемиџиска за сообраќај, со барање да се постават лежечки полицајци.
Како што велат, на оваа улица се и повеќе од потребни лежечки полицајци, бидејќи, откако лани летото, успорувачи беа поставени на главната улица во Железара, Коце Металец, каде беше прегазена млада жена додека преминуваше улица на пешачки премин, сега, многумина од возачите возат по Гемиџиска, за да ги избегнат лежечките полицајци поставени на Коце Металец, каде возат неконтролирано брзо, иако на улицата има поставено сообраќајни знаци „Зона 30“.
На Гемиџиска, лоцирани се основно училиште и детска градинка, меѓутоа, тоа воопшто не ги спречува возачите да притиснат на педалата за гас и да возат побрзо од дозволеното.
Како што најавија жителите, улицата ќе биде затворена и во текот на утрешниот ден, од 19 часот, во период од еден час, и секојдневно ќе организираат вакви протести, се додека не се исполнат нивните барања. Д.Т.З.