На повеќе локации во Скопје настанале дефекти при снабдувањето со електрична енергија предизвикани од силниот ветер, известуваат од ЕВН.
– Поради силниот ветер во Скопје настанале повеќе дефекти. Екипите се цело време активни на терен, работат и ги отстрануваат истите. Повеќе екипи работат истовремено на различни локации за што побрзо отстранување на дефектите – информираат од ЕВН.
Читатели ни јавија дека во скопската населба Бутел 2 немаше електрична енергија од шест часот утринава. Дефектот беше пријавен во ЕВН и во меѓувреме е отстранет.