Бетонските огласници со улична уметност кои беа поставени пред пет години на тротоари на неколку локации во центарот на Скопје се извадени и поставени како барикади за да не поминуваат пешаци и автомобили на мостот во близина на Железничката станица, на кој завчера ноќта имаше пожар.
Овие уметнички дела беа поставени во 2019-та, на булеварот Партизански одреди, во Буњаковец, на тротоарот пред „Трготекстил“ и на неколку други локации во центарот на главниот град. Тие беа поставени за обележување на пешачката зона која претходно ја узурпираа возила.
На ова вечерва реагираше поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов со коментар на Фејсбук: „Некои работи едноставно нема начин како соодветно да бидат искоментирани, освен како ‘фестивал на глупоста’”.