Нема плата за ЈСП, нема превоз. Скопје од утре останува без градски превоз, најавија денеска вработени во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) во изјава за медиуми, барајќи да им биде исплатена јануарската плата.
– Денеска е последниот законски ден за исплата за плата. Од утре УЈП ќе земе 0,03 проценти од нашето купче. Не се договоривме така со градоначалничката и со директорот на ЈСП Скопје. Советот на Град Скопје ја донесе одлуката, сега остана парите да се префрлат и платата да биде во редовен рок – изјави Стојановски.
Вработените во ЈСП одлучиле повторно да стапат во штрајк бидејќи денеска не им биле префрлени парите.
– Од 4.30 часот, Скопје останува без градски превоз. Нема да работат ниту билетарите, ниту линиската контрола, ниту работилниците, ниту возачите – нагласија претседателот на Синдикатот на ЈСП, Миќо Стојановски и Африм Муча од Независниот синдикат на возачи.