Фото: ЦУК

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува граѓаните дека во моментов за сообраќај во двете насоки е затворен мостот кај Нова железничка станица, од крстосницата со ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“ и ул. „Никола Карев“ до крстосницата помеѓу ул. „Беласица“ и бул. „Гоце Делчев“.

-Сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен изменет режим, па сега возилата се пренасочуваат по околната сообраќајна улична мрежа. ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот – информираат од ЦУК.

Ноќва изгаснат голем пожар на мостот „Беласица“ на Вардар, го гаснеле 21 пожарникар со 8 возила