Фото/Илустрација: Пиксабеј

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 2,3 е регистиран рано изутрината во 3.26 часот. Епицентарот бил на 20 километри северозападно од Скопје, во Косово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот е почувствуван од населението во околината на градот Скопје, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.