Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни телесни повреди.
Како што информира за МИА директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, една пациентка со повреда на главата и фрактура на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија.
На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и пациент со скршеница на левата потколеница, додека пациентка со скршеница на левиот рачен зглоб, по укажаната медицинска помош, е пуштена на домашно лекување.



































