Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат! – герила акција против лажните вести

Фото: МИА

На повеќе локации низ Скопје анонимни активисти денеска поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во пласирани во земјава.

Покрај секоја од лажните вести напишана е по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува на штетноста, неморланоста и опасноста од манипулациите врз населението.

– АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!, наведено е на едната макета.

– Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти – Проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели!, порачуваат авторите на герила акцијата.

– За само две недели ова ќе ви го промени животот – Што ќе кликнеш тоа ќе жнееш!, гласи пораката на една од макетите од акцијата.