Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје, во рамките на редовните работни задачи, во текот на изминатите денови, во три смени, вршеа контроли и исконтролираа над 40 превозници. При контролите се утврдени неправилности и одземени се девет сообраќајни дозволи на диви превозници.
– Град Скопје продолжува со засилените инспекциски надзори за да овозможи почитување на прописите, a Инспекторатот продолжува со засилени контроли за сузбивање на дивите превозници на територијата на градот. Неселективно при вршењето на контролите се санкционираат сите што не го почитуваат Законот за јавни патишта и ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и на другите учесници во сообраќајот – информираат градските власти.