Фото: Маја Јаневска-Илиева

Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ одржа свечен марш во центарот на Скопје, по повод Денот на соборноста на Украина. Маршот се одвиваше од споменикот „Александар Македонски“ на плоштадот „Македонија“ до споменикот на „Тарас Шевченко“ во паркот „Жена Борец“.

Денот на Соборноста, по повод прогласувањето на Актот за обединување на Украинската Народна Република и Западноукраинската Народна Република во 1919 година, во Украина се одбележува секоја година на 22 јануари.