Црковниот храм „Константин и Елена“ и уште десет домаќинства добиваат нова линија за одведување на фекалните води од населеното место Илинден.
Градежните активности се одвиваат на крак од улицата 9, со должина од околу 200 метри.
– Изградбата на оваа линија за одведување отпадни фекални води е дел од колекторскиот систем што ги опфаќа населените места Илинден и Марино. Со изградбата на фекалната канализација од овој крак се опфатени објектите што не беа опфатени во канализацискиот систем на припадната површина 6 – информираат од Општина Илинден.
Оттаму додаваат дека на овој начин се решава долгогодишниот проблем со одведување на фекалните отпадни води од овие делови на Илинден.