Паднато дрво

Пороен дожд, грмежи и силен ветер, попладнево го зафати Скопје.

По транспортен Центар, во скопската населба Аеродром, на улицата Симеон Кавракиров, падна дрво.

Од ЦУК пак, известуваат дека според податоците од УХМР, до крајот на денот и во текот на ноќта во земјава времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.