Ангеле Сотировски поднесе оставка на функцијата директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ по раководењето во изминатите девет месеци.
– Ценам дека новиот политички амбиент во Град Скопје нема да ми дозволи максимално да се фокусирам на најважното, а тоа е успешно менаџирање на претпријатието. Токму поради тоа, се повлекувам од должноста в.д. директор. Зад себе оставам и добиени налози за работа од кои очекувам дека на претпријатието ќе му гарантираат сигурни приливи на средства – објави Сотировски на социјалните мрежи.
Сотировски на функцијата дојде од Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) која е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
Неговата оставка се случува откако тоа го сторија директорите кои Арсовска ги назначи на функција, а се членови на ВМРО-ДПМНЕ. На функција останаа само директорот на ЈСП „Скопје“ Александар Стојковски и директорката на „Комунална хигиена“ Косана Мазнева.