Општина Центар, во соработка со јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и со Сообраќајната полиција-Скопје, во текот на една недела санкционира 224 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
– Во периодот од 6.2.2023 до 12.2.2023 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ, се отстранети 122 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „блокатор“ се санкционирани 102 возила што биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани – велат надлежните.
Оттаму додаваат дека секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на општината Центар.
– Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот за одржување на редот и безбедноста на улиците – апелираат тие.