Фото: Принтскрин/Видео-Град Скопје

Сакам да ја известам целата македонска јавност дека ставивме крај на уште една дива депонија на територијата на град Скопје, депонија што со децении ги труе скопјани, информира градоначалничката Данела Арсовска, а пренесува „Макфакс“.

– Депонијата се наоѓа во населбата Визбегово, a нашите инспектори на самото место затекнаа камиони и тешка механизација како истураат токсичен смет и градежен отпад, по што беше повикана и полицијата да реагира. Она што било дозволувано со години и поминувало неказнето, денес се санкционира, сопствениците ќе одговараат кривично со својот имот и со својата слобода. За крај, им се обраќам на сите оние што со ваков екоцид штетат на здравјето на граѓаните, заврши вашето време, заврши времето на неказнивоста, одговорност ќе има за сите – вели Арсовска.