Општина Кисела Вода предводена од градоначалникот Филип Темелковски заедно со Советот на општината каде мнозинството е од редовите на СДСМ и коалицијата континуирано работат на подобрување на животот во Кисела Вода, изјави Дарио Шимиќ, претседател на Советот на општина Кисела Вода.

Во таа насока, додаде тој, е изградбата на новата модерна детска градинка во населбата Драчево.
– Оваа градинка ќе се простира на површина од 600 квадратни метри, која ќе биде енергетски ефикасна и ќе има капацитет да прими вкупно 125 деца. Предвидено е да има и паркинг простор, а на површина од 1320 метри квадратни во план е да се изврши партерно и хортикултурно уредување. Со изградбата на градинката после долги години конечно ќе се реши проблемот на жителите од оваа населба и ќе ги намалиме листите за упис на деца во градинките „8 март“ и „Пеперутка 1 и 2“ во Драчево – кажа Шимиќ.