Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров и Студеничани.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат кориснициите од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци, општина Студеничани, а од 09:00 до 13:00 часот кориснициите од зградите 33 и 35 на ул. „Ѓорче Петров“, делови од улиците „Смољане“, „Сагудати“, „Јосиф Ковачев“, „Штросмајерова“, „Даутица“ и зградите со броевите 13, 15, 18, 27 и 40 на ул. „Социјалистичка Зора“, општина Ѓорче Петров.

Без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот кориснициите од подулица „102“ и околните подулици во село Волково, во општина Ѓорче Петров.