Без струја дел од Ѓорче Петров и Карпош

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека денеска некои од жителите на Општина Ѓорче Петров четири часа ќе имаат прекин во испораката на електрична енергија. Во периодот од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Лука Геров, со подулиците број 17 и број 19. Прекин во периодот од 8.30 до 10.30 часот ќе имаат и некои од корисниците на Општина Карпош. Исклучени од електромрежата ќе бидат жителите од улиците Роберт Кох број 1, Драгиша Мишовиќ број 5 и број 7, како и оние од улиците Карпошово востание број 4 и број 8, Огражден број 97, улицата Никола Русински број 4 и објектот на детската градинка „Орце Николов“.
Во интервалот од 11.30 до 13 часот струја ќе немаат и корисниците од улиците Милан Поповиќ, Мирка Гинова, булеварот Илинден број 97 и објектот на детската градинка „Росица“, исто така во Карпош. Од 13.30 до 15 часот ќе бидат исклучени и корисниците од улицата Орце Николов, со број 155 и број 156.