Денеска во ООУ „Св. Климент Охридски“ во село Драчево, во општина Кисела Вода се одржа свечена програма по повод Светскиот ден на учителите. На манифестацијата која започна со интонирање на македонската химна, во прекрасната изведба на музичките точки на учениците уживаа градоначалникот Филип Темелковски, заменик-министерката на МОН, Елизабета Наумовска, директори на училишта и голем број просветни работници.

За важноста на одбележувањето на 5 Октомври, Светскиот ден на учителите пред големиот број присутни говореа градоначалникот Филип Темелковски, директорката на училиштето, Татјана Бурник, заменик-министерката Елизабета Наумовска и претседателката на Сојузот на просветни работници, Лидија Николовска- Георгиевска.

На крајот на манифестацијата секретарот на Сојузот на просветни работници на Република Северна Македонија, проф. Раско Лозаноски ја прочита одлуката на претседателството на Сојузот, за доделување на благодарници и признанија на најуспешните наставници од сите државни училишта. Дел од наградите обезбеди познатиот сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин.

Празникот на наставниците со пригодна програма беше одбележан и во останатите училишта во Кисела Вода. Општина Кисела Вода предводена од градоначалникот Филип Темелковски продолжува да вложува, да ги подобрува условите на наставниците и учениците во општинските основни училишта.