Територијалната противпожарна Единица (ТППЕ) на град Скопје во текот на новогодишната ноќ имала осум интервенции кои успешно се завршени.

Дежурните екипи интервенирале во гаснењето на пожар во дуќан, тераса, штала. Причинета е материјална штета, а само во еден случај има повредено лице.
Во 23 часот бил предизвикан пожар од употреба на пиротехнички ракети на тераса на улица Крсте Мисирков зад „26 Јули“ на Бит Пазар при што е спасен сопственикот на станот.

Повредениот бил пронајден во безсознание и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во една од скопските клиники.