Во Ѓорче Петров, градинката „Росица“, која е дел од објектот „Детелинка“, ќе добие комплетно реконструирана кујна. Реконструкцијата на објектот се прави по цели 38 години, а инвестицијата чини околу 600.000 денари.

Од општината Ѓорче Петров велат дека за еден месец овој објект ќе добие реновирана кујна по сите нормативи и ХАСАП-стандарди. Градежните работи се изведуваат во попладневните часови, како и за викендите. Појадокот и ручекот се одвиваат непречено, а за нивно подготвување е оспособена помошна кујна. Оттаму додаваат дека истовремено етапно ќе се варосува внатрешноста во објектот „Пампурче“ во градинката во населбата Даме Груев. Средствата се обезбедени од градинката „Росица“.