Претседателката Силјановска Давкова денеска во Баку, Република Азербејџан присуствуваше на официјалното отворање на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени.
На официјалното отворање на самитот, што се одржува под мотото „Со солидарност за зелен свет“, се обратија Мухтар Бабаев, министерот за екологија и природни ресурси на Азербејџан, како претседател на КОП29, Сајмон Стил, извршниот секретар на Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени, како и претседателoт на КОП28, министерот за индустрии и високи технологии на ОАЕ, Султан Ахмед Ал Џабер.
Во фокусот на разговорите меѓу претставниците на земјите учеснички на Конференцијата ќе биде обезбедувањето финансии неопходни да им се помогне на земјите во развој со цел да се прилагодат на климатските промени и да ги спроведат мерките потребни за постигнување на климатските цели.
Утре, претседателката Силјановска Давкова ќе има обраќање на првата пленарна сесија на сегментот на високо ниво за шефови на држави и влади.