Шарл Мишел/Фото: МИА

Претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел по самитот ЕУ – Западен Балкан на Твитер напиша дека „На ЕУ ѝ треба Западен Балкан и на Западен Балкан му треба ЕУ“.

Тој го поддржа повторното покревање на процесот на интеграција, со осврт посебно кон земјава.

– За Северна Македонија, продолжува работата кон брзо изнаоѓање заемно прифатливо решение – истакна Мишел.
Изјавата доаѓа откако беше откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ што требаше да се одржи по Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на која требаше да се обратат францускиот претседател Емануел Макрон, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.