Фото: МОН

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе испрати писмо до Синдикатот за образование и наука (СОНК) и неговото членство да им дозволат на учениците да се вратат на настава. Министерот изрази надеж дека од понеделник ќе се нормализира воспитно образовниот процес.

Шаќири повтори дека штрајкот на СОНК е опција која е уставно и законски гарантирана и како таква тој ја почитува, но смета дека предност треба да се даде на социјалниот дијалог за надминување на проблемите.

– Покачување на платите ќе има. Приоритет за мене како министер, особено за семејствата на учениците и нивното враќање во училишните клупи. Не смееме да дозволиме нов луксуз и учениците да загубат. Тоа ќе предизвика дополнителни празнини кои тешко или никако нема да се надополнат. Најдобар интерес е учениците да се врататна настава и да бидат меѓу своите врсници – истакна министерот.

За време на вчерашните преговори меѓу претставниците на СОНК и министерот Шаќири не беше постигнат договор за зголемувањето на платите на просветните работници и прекин на штрајкот.