Резулатите од локалните избори и подготвките за можни предвремени парламетарни избори биле дел од точките на Централното собрание на Алијанса на Албанците што се одржа денеска. Лидерот на партијата Зијадин Села изјави дека партијата е отворена партија за критики и за дебата.
-Во Алијанса за Албанците се зборува отворено и се критикува отвоорено. Мислам дека секој член ја сфати добро лекцијата и при одржување на новиот конгрес ќе излеземе уште посилни – рече Села.
Според него конгресот би се одржал на 27 март и очекува партијата пролетта да ја дочека со завршен конгрес и консолидирани партиски органи.