Се уште е активен пожарот во магацинот со бои и лакови и друг вид хемикалии кај тетовско Фалише. Иако со значително намален обем се уште има пламен и чад, а пожарникарите продолжуваат со гаснење, информираа изутринава од Центарот за управување со кризи.
Според ЦУК, тетовските пожарникари го гаснеле пожарот непрекинато во текот на целата ноќ и се очекува целосно да биде изгаснат во наредните неколу часа.
Се упати и препорака до граѓаните да ги затворат своите прозори и да не престојуваат на отворено. Доктор Чибишев на институциите им сугерираше под итно да го евакуираат населенитето во радиус од 1000 метри од фабриката.
Пожарот избувна вчера во 10.30 часот, а во гаснењето беа вклучени и пожарникари од Куманово, Скопје, Гостивар и Велес.