Фото: Пекселс

Сите четири моста на границата меѓу Канада и Соединетите Американски Држави се затворени откако неидентификувано возило експлодира на граничниот премин Мостот Виножито, јавија локалните медиуми. Две лица загинаа.

Експлозијата на преминот на Нијагарините водопади одекнала набргу откако неидентификуваното возило стигнало до мостот „Виножито“, кој бил затворен по овој инцидент, како и до три други моста кои го поврзуваат овој дел од Канада и САД.

Американската мрежа „Фокс њуз“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека во возилото во моментот на експлозијата имало две лица и дека овој настан се третира како терористички напад.

А канадските безбедносни служби потврдија дека истрагата за експлозијата се води под претпоставка дека се работи за терористички напад.

Двете лица од возилото што експлодираше се мртви, а повреден е и еден полицаец.

Канадскиот полициски наредник Кери Шмит рече дека „ситуацијата на границата е сериозна“.

Истрагата за овој настан ја презеде Федералното истражно биро, кое потврди дека имало експлозија на границата меѓу САД и Канада.

Канадската полиција го информирала премиерот Џастин Трудо за ситуацијата на граничниот премин.

– Засега ситуацијата е многу флуидна“, објави канцеларијата на ФБИ во Бафало.