Фото: М.М
По неколкуте сообракајни несреќи, кои се случија на регионалниот пат од Битола кон границата со Грција, во кои загинаа двајца нивни соселани, жителите на  битолското село Кравари, на денешната средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, побараа надлежните државни институции и сообраќајната полиција да ги преземат сите мерки за безбедно одвивање на сообракајот и обележување со сите потребни сообраќајни знаци и сигнални уреди. Во спротивно тие се заканија дека ќе го блокираат овој пат, кој води не само кон нивните села, туку и до граничниот премин „Меџитлија“ за Грција и до најголемата странска инвестциија во Битола, фабриката „Кромберг и Шуберт“, која вработува над 6.000 луѓе, не само од Битола, туку од Демир Хисар, Прилеп, Ресен.
По почетокот на градежните активности за рехабилитација на патот досега се случуја неколку сообракајни несреќи во кои имаме две човечки жртви. Само благодарение на присебноста на возачот на автобусот и еден жител од нашето село пред два три дена не дојде до катастрофа, кога застана автобусот кај градинката и кога почнаа дечињата да преминуваат преку патот и врз кои налета еден несосвесен возач.
 – На овој пат се движат огромен број лесни и тешки теретни возила. Само за „Кромберг и Шуберт“ дневно се превезуваат 6.000 работници. По патот возат огромен број возила како до околните села, потоа од Битола до границата со Грција и од Грција кон Битола. Најлоши со тешките теретни возила кои превезуваат јаглен од Грција за „РЕК Битола“, кои особено во утринските часови возат мошне брзо. Затоа мора да се најде соодветно решение за обележување на патот – изјавија жителите на селото Кравари на средбата со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Давајќи им целосна поддршка на жителите од Кравари, градоначалнкот, изјави дека иако општината Битола нема никакви ингеренции за сообраќајот на овој регионален пат, сепак тој како градоначалник ќе направи се, овој проблем кој досега однесе две жртви да се реши и ќе бара од надлежните институции целосно завршување на интервенциите на патот и да се преземат сите сообраќјни мерки за безбедно одвивање на сообраќајот.
Градоначалникот апелираше до граѓаните да возат внимателно и да ги почитуваат сообраќајните прописи.
М.М