Со убавината и вербата која ја носат големите христијански празници Бадник и Божиќ, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вчера ги посети сместувачките капацитети за бездомни лица во надлежност на Црвениот крст, Битола.

Градоначалникот Коњановски на сите нив им подари Божиќни подароци од прехранбени продукти и пакетчиња за најмладите.

Тој внесе празнична топлина кај овие лица, а во непосредна средба со нив се информираше за состојбата на лицата од социјално загрозени семејства и нивните потреби. М.М.


Бадникова поворка на Широк Сокак

Битолчани вчера со песна, празнична топлина и бадникова поворка на Широк Сокак го одбележаа големиот христијански празник Бадник.

– „Вечниот Бог“ испеана од многубројните учесници во Бадниковата поворка, силно одекна на сите страни, ширејќи ја радоста за големиот празник кој доаѓа.

Градоначалникот на Битола, кој беше на Широк Сокак, Тони Коњановски, честитајќи им го Бадник, на младите гласници и на сите учесници во Бадниковата поворка им посака многу здравје, љубов и среќа. М.М.