Фото: З.А.

За верскиот празник „Свето Преображение“ се одржа традиционален црковен собир во храмот со името на патронот што се наоѓа на надморска височина од 1.421 метар, на тромеѓето помеѓу селата Требовље, Брест и Косово.

– Секоја година на „Свето Преображение“ во црковниот храм на планината Фојник се одржува црковен собир на кој присуствуваат голем број на жители од блиските села како и поречани кои работат и живеат во странство или соседните поголеми градови. Местоположбата на црковниот храм и самата глетка се фасцинантни за секој посетител и верник кој барем еднаш престојувал на ова свето место – истакнаа од црковниот храм во Македонски Брод.

Црквата „Свето Преображение“ е возобновена во периодот од 2010 до 2012 година и е реосветена на 19 август во 2013 година со голем црковно-народен собир. Ктитори на храмот се браќата Александар и Војче Стојаноски со семејствата по потекло од село Требовље. З.А.