Фото: З.А.

На Осломејското Езеро

По 72 часа активен риболов заврши последниот натпревар во рамките на „Боила купот“ за годинава, на Осломејско Езеро. На овој натпревар учество зедоа 18 екипи сите од земјава, а екипата на „Тони Солар“ со најбогат улов и со најмногу примероци уловен крап го освои првото место. Натпреварот траеше 72 часа а беа уловени вкупно 165 примероци на крап.

– Денеска е спуштена завесата во рамките на „Боила купот“ за оваа сезона на Осломејско Езеро. На последниот натпревар на кој учество зедоа 18 екипи. Првото место го освои екипата на „Тони Солар“ со вкупно уловени 61,4 килограми на крап, второто место му припадна на риболовното друштво „Арнаудови“, кое во изминатите 72 часа улови 55 килограми на крап, додека третото место го освои екипата на „Статер“ со уловени 48,2 килограми крап. Воедно, овие три екипи имаа и најброен улов на примероци. „Тони Солар“ улови 20 примероци крап, „Арнаудови“ 19, а „Статер“ 18 примероци. Екипите-учесници на овој Куп уловија вкупно 165 примероци на крап или 446,53 килограми – нагласи Мире Ночески, портпарол на риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево, кое е организатор на овој Куп.

Тој напомена дека екипата на „Тони Столар“ е наградена со 250 евра за освоеното прво место, додека второпласираната екипа добива 150 евра, а третопласираната 100 евра. Ќе биде награден и риболовецот што го улови најкрупниот примерок на крап, а најдобрите екипи добија пехари и медали, покрај паричните награди. З.А.