Центарот за јавно здравје Битола утре ( 19 мај) ќе спроведува ларвицидна превентивна теристичка дезинсекција во општина Кичево, со цел уништување на ларвените облици на комарците. Запрашувањето ќе се врши во претпладневните часови со апаратура УЛВ ладно запрашување поставена на пикап возило.

– Утре ќе се врши дезинсекција во општина Кичево. Ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците – информира Сузана Тасеска од РЦУК Кичево и посочи дека третирањето ќе се изведува со високо селективен биолошки инсектицид наменет за уништување на ларвите на комарците од типовите Aedes и Kules (во втор и трет ларвен стадиум).

Таа нагласи дека од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се и медиумите, Здруженијата на пчеларите, локалната самоуправа и сите останати надлежни институции, во случај на појава на неповолни временски услови (ветер,дожд) дезинсекцијата се одлага за следниот поволен ден.

З.А.