Фото: З.А.

Денес членовите на планинарско-спелеолошкото друштво „Бистра“ од Кичево го реализираа третиот Меморијал Сашо Божиноски, во чест на прерано починатиот планинар и спелеолог од Кичево и долгогодишен претседател на планинарското друштво, на релација Кичево, Крушино месност Кадроец. По два часа пешачење планинарите учесници на Меморијалот пристигнаа до својата одредница, каде Божиноски често милуваше да престојува.

На Меморијалот за покојниот планинар зборуваше секретарот на друштвото, Зоран Јованоски.

– Драги Саше, еве не овде на овој простор кој ти го сакаше и каде што се чувствуваше небаре си, како често што сакаше да кажеш, во својата соба, која од мај 2021 година по нецела година од твојата прерана смрт, стана Одаја на вечноста за уште еднаш ти оддадеме почит кој ти наполно го заслужуваш – рече Јованоски и продолжи.

Фото: З.А.

– Драги пријатели и овој пат нема да ве повикувам на едно минутно молчење, туку почитта кон долгогодишниот претседател на ПСД „Бистра“ кон нашиот драг пријател, сопатник по планинските и пештерските патеки кон нашиот „Ше“, по третпат да му ја изразиме со аплауз, кој ќе биде награда за се она што Сашо Божиноски го направи за планинарското и спелеолошко живеење на овие наши кичевски и македонски простори, а направи навистина многу. Токму затоа нашиот аплауз нека одекне од овде носен од криљата на ветерот ќе стигне до сите оние места на кои стапнале неговите нозе. Горди сме што те имавме а тажни што прерано те загубивме. Да тие е вечна слава и почивај во мир – заврши секретарот Јованоски. З.А.