Утринава на Гинеколошкиот оддел во кичевската Општа болница на свет дојде здраво машко дете со тежина од 3,450 килограми. Ова е второ дете на родилката од Кичево, а породувањето се изврши по природен пат. Новороденчето и мајката се чувствуваат добро, потврди дежурниот гинеколог Љупче Ристески.

– Утринава во 6.15 часот во нашата болница дојде на свет првото новороденче во 2023 година. Се работи за здраво машко дете со тежина од 3,450 килограми и ова е второт дете на родилката од Кичево, која од претходно има девојче. Породувањето помина во најдобар ред и новороденчето и мајката се чувствуваат добро и во наредните ден-два ќе можат да го напуштат гинеколошкиот оддел од нашата болница – истакна дежурниот гинеколог Ристески кој посочи дека во изминатата година на нивниот оддел биле родени 99 бебиња, а во истиот период поголем број на деца од Кичево, се родиле во други здравствени установи во земјава, инаку бројот на новороденчиња би бил поголем од 200.

З.А