Фото: З.А.

Поројните врнежи од дожд во кичевско во раните утрински часови ги наталожија улиците во градот во градот со каллива вода, која се слеа од новата автопатската траса што поминува под Крушино. Калта денеска им создаде многу грижи на вработените од комуналното претпријатие, бидејќи надојдените води придонесоа повеќе сливници да бидат затнати, а на повеќе места да се создадат и мали езерца.

-Овие порои за кусо време донесоа во градот големи количества на кал кој се наталожи како на улиците исто така и на тротоарите. Нашите работници и мануелно и со машини повеќе часови ги чистеа улиците, а мораше да се изврши и одзатнување на повеќе сливници кои беа затнати – рече директорот на ЈКП „Комуналец“ и посочи дека ова е втор случај во изминатите години калливите води од автопатската делница да создадат толку проблеми на жителите на градот.

И попладнево на одредени сообраќајници и тротоари беа забележливи помали количества кал. З.А.

Фото: З.А.
Фото: З.А.