Фото: Илустрација

Земјотрес со локална Рихтерова магнитида од 2,8 степени е регистриран ноќеска во 1.27 часот на 64 километри југозападно од Скопје, од епицентралното подрачје Кичево.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е почувствуван од населението во Кичево и околината, а бил со интензитет од три-четири степени според Европската макросеизмичка скала.