Во Битола почна реконструкцијата на улицата „Македонска фаланга“, која се наоѓа наспроти Офицерскиот дом.
Со инфраструктурните зафати предвидена е промена на канализационата мрежа на улицата, решавање на проблемот со атмосферските води, асфалтирање, поплочување на тротоарите со гранитни плочки и ново улично осветлување. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 17.338.027 денари.
Со почетокот на работите на улицата „Македонска фаланга“ стартуваше новата градежна сезона во Битола, во која се планира да бидат реконструирани, рехабилитирани и изградени вкупно 23 улици во градот.
Паралелно со градежните работи на улицата „Македонска фаланга“ се работи и на вториот дел од улицата „Солунска“, каде во тек е промена на канализационата мрежа, а ќе следува и промена на водоводната мрежа и асфалтирање на улицата, до комплетно завршување на проектот „Реконструкција на водоводна мрежа, мешовита канализација и коловоз на улица „Солунска“.
М.М.