Со пригодна програма одржана во киното „Мис Стон“ младите франкофони од Прилеп денеска го одбележаа Меѓународниот ден на франкофонијата, 20 март 2023.
Програмата се одвиваше во присуство на амбасадорот на Република Франција во Македонија Сирил Бомгартнер, директорот на Францускиот институт во Скопје Уго Бештел, како и градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески. Организатор на манифестацијата беше ОУ „Гоце Делчев“ под менторство на наставничката Ирена Наумоска. Учествуваа 67 деца од неколку основни училишта и од гимназијата, кои преку поезија, цитати за пријателството и за мајката, француска музика, танц и драматизации создадоа пријатна атмосфера за уживање во звуците на најромантичниот јазик на светот.
-Да се споделува еден јазик, значи да се споделуваат вредностите кои се изразуваат преку четирите главни цели на ОИФ – вели наставничката Ирена Наумоска. Ка.М.